Петар Нолев

Основач на компанијата Mountain Solution
Неговата љубов кон планината почнува од најрана возраст и од тогаш планината и природата се негов начин на живот. Неговото долгогодишно планинарско искуство го прави еден од најдобрите планински водичи во Република Македонија.

petar

ОБРАЗОВАНИЕ, РАБОТНО ИСКУСТВО, СЕРТИФИКАТИ

Роден-1978
Сертификат за завршена обука за планински водач со А лиценца-издадена од Федерацијата за планински спортови на Република Македонија-член на UIAA (Меѓународната Федерација за искачување и планинарство) и BMU (Балканската планинарска унија).
Бројни сертификати за основна и специјализирана обука за заштита и спасување на планина, потрага и спасување во урбана средина и сертификати за учество во интернационални воени и цивилни вежби и обуки со цивилно сценарио. Член на USAR (Урбана потрага и спасување) и на тимот за планинско спасување при Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија; член на ПСК “Пелистер”.

Јазици: Македонски, Англиски, Јужнословенски јазици

Петар има искуство во водењето и организирањето на речиси сите експедиции кои Mountain Solution ги понудила и организирала почнувајќи од искачувања во целосно зимски услови, скијачки експедиции, ски тури, курсеви за планинарење и престој во недостапен терен.
Во моментот работи за Mountain Solution во ски-центарот Копанки при Националниот Парк Пелистер на одржување на безбедноста на обележаните ски-патеки, евакуирање на повредените од ски-патеката и прв одговара при скијачки незгоди.

 

Влатко Крбалевски

Енергечен и страствен за здравјето и фитнесот, по потекло од висорамнините, од највисоко лоцираниот град на Балканот -Крушево. Влатко ја пронајде својата опсесија во планината. Тој се има искачено насекаде низ Националниот Парк Пелистер, и се стреми кон поголеми цели.

vlatko

ОБРАЗОВАНИЕ, РАБОТНО ИСКУСТВО,СЕРТИФИКАТИ

Роден-1975
Сертификат за завршена обука за планински водач со А лиценца – издадена од Федерацијата за планински спортови на Република Македонија (ФПСМ), – член на UIAA (Меѓународната федерација за искачување и планинарство) и BMU (Балканската планинарска унија); член на планинарскиот клуб ПСК “Пелистер”.

Јазици: Македонски, Англиски, Јужнословенски јазици

Освен во планинарството тој ужива и во планинскиот велосипедизам и другите планински спортови, неговата најголема мотивација доаѓа од авантурите на поминувањето време на планина.  Искуство и учество во искачување на планини, познавање на пешачките патеки, на флората и фауната во тој регион, како и локалната историја.

 

 

Симе Алушевски

Силен, фокусиран, посветен и грижлив, Симе Алушевски ја претставува основата на планинарското искачување. Како лиценциран водич за планинарење Симе е мотиватор кој ги предизвикува гостите да направат повеќе од тоа што самите тие мислат дека можат да го направат. Неговата грижа и внимание помагаат гостите да направат важни и трајни промени во начинот на живот.

sime

ОБРАЗОВАНИЕ, РАБОТНО ИСКУСТВО, СЕРТИФИКАТИ

Роден-1963
Димпломиран новинар
Главен уредник на регионалниот весник “Его”.
Сертификат за завршена обука “Не оставај трага-центар за етика во природа”; член на планинарски клуб ПСК “Пелистер”, дел од Федерацијата за планински спортови при Република Македонија(ФПСМ),  член на UIAA (Меѓународната федерација за искачување и планинарство) и BMU (Балканската планинарска унија).
Искуство и учество во искачување, познавање на пешачки патеки, на флората и фауната во тој регион, како и локалната историја, географија, фолклор, етнологија и култура.

 

 

Павлина Василевска

Павлина ја открива својата љубов кон планината во националниот парк Пелистер додека студира на Економскиот факултети и после нејзиното дипломирање таа го поминува целото свое слободно време на планина во искачување и скијање.

pavlina
Родена-1983
Дипломиран економист; приправник за планински водич, активен учесник во многу искачувања на многу планини како во нашата држава така и на Балканот. Таа е член на планинарскиот клуб ПСК “Пелистер”, дел од Федерацијата за планинарски спортови на Република Македонија; Член на UIAA (Меѓународната федерација за искачување и планинарство) и BMU (Балканската планинарска унија).

Јазици: Англиски, Италијански, Македонски, Јужнословенски јазици

Павлина ужива во дивината и средината која ја опкружува и чувството на слобода како начин на живот што го носи со себе. Таа ќе го направи вашето искуство на планина незаборавно и секогаш ќе ве води со насмевка на своето лице.

 

 

Игор Радичоски

Првото нешто кое секој го забележува кај Игор е неговата дружељубива природа и неговите одлични лични спобности.
Тој е експерт, одличен возач на џип, планински водич, ски водич, како и планински спасител. Тој многу лесно прави се да функционира беспрекорно, обрнувајќи внимание на теоретските и практичните нешта поврзани со нашите авантуристички патувања.

ОБРАЗОВАНИЕ, РАБОТНО ИСКУСТВО, СЕРТИФИКАТИ

igor

Роден-1978
Сертификат за завршена обука за планински водач со А лиценца издадена од Федерацијата за Планински Спортови на Република Македонија (ФПСМ); Член на UIAA (Меѓународната Федерација за Искачување и Планинарство) и BMU (Балканската Планинарска Унија).
Бројни сертификати за основно и специјализирано спасување на планина, потрага и спасување во урбана средина и сертификати за учество во интернационална воена и цивилна обука со цивилно сценарио. Член на USAR (Урбана Потрага и Спасување) и на тимот за планинско спасување при Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија; Член на планинарски клуб  ПСК ”Пелистер”.

Јазици: Македонски, Англиски, Јужнословенски јазици

Неговата страст е да ги охрабрува луѓето од сите возрасти да ја разберат важноста на нашата природна средина и да ги охрабрува безбедно да ја истражуваат и заштитуваат.
Тој придонесува работите да функционираат беспрекорно со опрема и одржување на планинарскиот дом како и негово снабдување со потребните работи.

Baba Planina